Search

Нови дојави за бомби во неколку скопски средни училишта

Попладнево се евакуирани учениците од скопската гимназија „Никола Карев“ од втората смена. Bo училиштето пристигнала закана дека е поставена бомба. Пристигната е специјална полиција, учениците и вработените се евакуирани, наставата е во прекин. Пријави има и во други училишта.

По пауза речиси од две недели, некој повторно испраќа закани за поставени бомби во скопските средни училишта. Досега заканите беа испраќани во иста смена во сите седум до девет училишта, а полициската истрага покажуваше дека станува збор за лажни пријави.

Осомничени лица за сега нема. Истрагата за закани по електронска пошта по правило тешко се реализира бидејќи заканата може да биде испратена од кој било дел на светот, а постојат и начини истрагата наместо на домашен терен, лажно да се наведува на странски терен.

Треба да знаете
Последни објави