Search

Нови детали: Починал додека чекал на семафор на раскрсницата кај Железничка станица

Нови детали: Починал додека чекал на семафор на раскрсницата кај Железничка станица

М.П. е таксистот кој денеска e пронајден мртов во своето такси возило „фиат линеа“. Случајот во полиција во 18.30 часот го пријавил случаен минувач кај Железничка станица.

Тој, како што инофрмира полицијата, забележал дека таксистот бил неподвижен во возилото на семафорите во правец Аеродром кон Центар, на лентата за вртење лево.

„Се работи за починато лице – таксист, М. П. роден 1961 година.Констатирана е смрт без траги на насилство од лекар на итна медицинска помош. Тој  претходно имал проблеми со срцето“, информираа од полицијата.

Треба да знаете
Последни објави