Search

Нови детали за убиството во Дебар: Еве што тврдела осомничената Блерта во полиција

Нови детали за убиството во Дебар: Еве што тврдела осомничената Блерта во полиција

Продолжен е притворот за 30 дена на ќерката која е осомничена за тројното убиство во Дебар, кое ја потресе македонската јавност.

Блерта Поцеста која е главна осомничена за убиството на мајката, таткото и помалата сестра, во нивниот дом во Дебар, тврдела на полицијата дека таа не пукала. Таа призна дека го нарачала ликвидирањето, поради што притвор добија уште двајца мажи кои  помагале, но иако се најдени само нејзини траги, тврди дека таа не пукала.

Полицијата според доказите е убедена дека Блерта ги убила родителите.

Семејството се вратило од Италија каде со години живеело и работело, а Блерта ги убила затоа што не дозволиле да се омажи за Италијанец.

Семејството 17 часа лежело во крв пред да ги најдат.

Таа заминала во Италија, а потоа се вратила назад за да ги оплакува родителите и се правела дека ништо не знае.

Треба да знаете
Последни објави