Search

Нови демонстрации на жолтите елеци во Франција

Триесетта сабота по ред, жолтите елеци денеска повторно ќе демонстрираат во Франција, но очигледно е дека нивната мобилизација слабее, јавува дописникот на МИА.

Како и секоја сабота од почетокот на движењето на жолтите елеци, сообраќајот на метро линијата во Париз е нарушен. Префектурата нареди затворање на неколку станици, посебно на оние кои водат директно на Елисејските полиња. Овие забрани се ефективни од 8 часот изутринава и нивното повторно отворање зависи од одлуката на префектурата и текот на демонстрациите.

Минатата сабота, имаше само 1500 жолтите елеци во главниот град, според Министерството за внатрешни работи.

Ерик Друе, еден од водачите на движењето повика на собир на Шанзелизе, авенија за која има забрана за демонстрации .

„Одмерувањето на силите е на Шанзелизе”, напиша тој на Фејсбук.

Жолтите елеци по 30-ти пат ќе се обидат да се мобилизираат во близина на Париз, во предградието, каде што се планирани демонстрации. Собирот започна 13 часот пред Стад де Франс, во Сен Дени . Поворката потоа заминува кон префектурата Бобињи.

Собири има и низ цела Франција, додека националната демонстрација започна изутринава во Монпелје.

Треба да знаете
Последни објави