Search

Нови антивладини протести во Зимбабве

Армијата на Зимбабве фрли солзавец врз демонстрантите во Хараре кои блокираа важен пат и палеа гуми, на вториот ден од протестите поради зголемување на цените на горивата за повеќе од 100 отсто.

Во вчерашните судири на безбедносните сили и демонстрантите загинаа пет лица, соопшти една група за заштита на човековите права, додека друга наведе дека со боева муниција повредени се 26 лица.

Тоа се најголеми нереди во Зимбабве од насилствата во август, што избија по општите извори.

Според очевидци насилство имало и во градот Мутаре, источно Зимбабве, каде демонстрантите палеле автомобили и уништиле неколку продавници.

Компаниите и училиштата во Зимбабве се затворени, јавниот превоз е во прекин, а оневозможен е и пристап до социјалните мрежи и апликации како што се Фејсбук, Твитер и Ватцап.

Министерот за безбедност на Зимбабве, Овен Нкубе вчера изјави дека се уапсени над 200 луѓе, а за насилството ја обвини водечката опозициска партија Движење за демократска промена и поединечни невладини организации.

Треба да знаете
Последни објави