Search

Новите автентични Фурнаџиски лебови со кисело тесто од Жито Лукс ви нудат авантура за сите сетила

Фурнаџиски леб со кисело тесто е уште еден нов производ кој нашиот најголем производител од мелничко-пекарската индустрија, Жито Лукс го понуди на пазарот. Подготвен од природни состојки по специјална рецептура со кисело тесто и во две варијанти, како Пченичен бел и Интегрален пченичен леб, новиот леб има неодолива арома и автентичен вкус на домашно подготвен леб.

Киселото тесто, како клучна состојка кај новиот производ, нуди природна форма на квас што го подобрува вкусот и хранливата вредност на пекарските производи. Фурнаџискиот леб со кисело тесто има одличен вкус, свежина и густа структура и е идеален за оние кои бараат автентичен, вкусен леб. Овие два нови производи се практично исечени на парчиња кои се свежи и меки и идеални за подготовка на сендвичи или како основа на секој оброк.

Треба да знаете
Последни објави