Search

Новиот шпионски дрон на НАТО може да „ѕирка“ во Русија

Новите стратешки беспилотни летала на НАТО „Глобал хоук“ можат да ја следат ситуацијата на територијата на Русија од територијата на НАТО, пренесува норвешкиот весник „Верденс ганг“.

„Дроновите ќе летеаат над територијата на НАТО, но можат да го забележат и она што се случува далеку зад границите на соседната земја“, изјави генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг во интервју за весникот.

Според Столтенберг, тие летала му обезбедуваат на НАТО единствена предност што ја немаат Русија и Кина.

Беспилотните летала кои претстауваат нова верзија на американските дронови „Глобал хоук“, можат да останат во воздух 30 часа без да дополнуваат гориво. Нивните сензори и радари од висина од 18 километри можат да забележат се што се случува во досег од 200 км.

Две летала во моментов се тестираат на италијанскиот остров Сицилија, а во текот на годината во Италија ќе бидат однесени уште три дрона. НАТО купи вкупно 10 беспилотни летала „Глобал хоук“.

Треба да знаете
Последни објави