Search

Новиот филм на Џенифер Лопез забранет во Малезија

Малезија го забрани филмот „Измамничките од Вол стрит“ во кој главната улога ја има Џенифер Лопез. Одборот за цензура одлучил дека филмот не е соодветен за јавно прикажување.

Филмот за стриптизерки кои се обидуваат да се збогатат е забранет поради исклучително непристојна содржина.

Одборот утврдил дека голите гради, еротските танци и сцени во кои е прикажана и дрога се несоодветни.

„Сквер бокс пикчрс“, компанијата која го дистрибуира филмот, потврди дека е забранет во Малезија.

Покрај Лопез, во филмот глумат и Констанц Ву, Џулија Стајлс, пејачката Лизо и раперката Карди Би. Станува збор за вистинска приказна за егзотични танчарки кои се обидуваат да ги измамат своите богати клиенти.

На почетокот на годинава Малезија ги цензурира геј-сцените во филмот „Рокетмен“ за животот на Елтон Џон.

Треба да знаете
Последни објави