Search

Новиот филм на Алмодовар ќе го отвори фестивалот во Венеција

Со новиот филм на шпанскиот режисер Педро Алмодовар – „Madres paralelas”, ќе биде отворен 78. Филмски фестивал во Венеција. Како што соопшти денеска управата на најстариот филмски фестивал во светот, остварувањето биде вклучено во главната конкуренција.

Во продукцијата учествува и долгогодишната муза, сонародничка и пријателка на шпанскиот киномајстор, глумицата Пенелопе Круз.

Фестивалот ќе се одржи на островот Лидо во Венецијанската Лагуна, од 1 до 11 септември.

Треба да знаете
Последни објави