Search

Новиот тим за комуникации на Бајден е составен само од жени

Новоизбраниот претседател, Џо Бајден го претстави новиот тим за комуникации во Белата куќа, составен целосно од жени.

Тој ја назначи и поранешната портпаролка на Барак Обама, Жен Псаки за портпарол на медиумите во Белата куќа, а портпаролката на кампањата, Кејт Бедингфилд е назначена за директорка за комуникации.

„Горд сум да објавам дека првиот тим за комуникации во Белата куќа се состои само од жени. Овие квалификувани и искусни комуникаторки носат различни перспективи во нивната работа и се заеднички посветени на подобро градење на оваа земја”, рече Бајден.

Високите советнички во кампањата, Керин Жан Пјер и Ешли Етјен, исто така, ќе добијат високи позиции во тимот за комуникации.

Псаки на Твитер напиша дека тимот за комуникација е „најразновидниот тим во историјата, а исто така во него вклучени се шест мајки на мали деца“.

Треба да знаете
Последни објави