Search

Новиот директор за разузнавање во Германија е со мигрантски корени

Синан Селен, вишо стручно лице за борба против тероризам, кој има турско потекло, е новиот назначен заменик претседател на разузнавачката служба на Германија.

Министерот за внатрешни работи Хорст Зехофер информираше дека Селен ќе биде назначен за заменик претседател на службата, а свечената церемонија ќе биде в понеделник во Келн.

Селен својата кариера ја започна во 2000 година, во Федералната кривична полиција, а беше надлежен за повеќе истраги за странски терористички организации помеѓу 2011 и 2016. Тој исто така беше и на позиција директор на Антитерористичките сили во министерството за внатрешни работи.

Селен ја доби оваа позиција по низата скандали во разузнавачката служба во последниве години, по што следеа критики и обвиненија дека службата соработува со десничарски групи и ги прикрива убиствата на нео-нацистичката група НСУ.

НСУ е виновна за убиството на осуммина турски и еден грчки мигрант помеѓу 2000 и 2007, но овие случаи се уште не се целосно расветлени.

И покрај тоа што според некои скорешни информации, вработени во разузнавачката служба имала контакти со осомничените од НСУ, службата вели дека претходно немала информации за убиствата.

Во Германија живеат околу 3 миллиони Турци, а многу од нив се втора или трета генерација, родени во Германија, чии баби и дедовци се преселиле во земјата во 1960-тите

Треба да знаете
Последни објави