Search

Новиот булевар станува опасно место: Пак прегазено дете и судир на Трета македонска бригада

Уште едно дете било прегазено денеска на булаварот Трета македонска бригада во близина на Средното училиште„Владо Тасевски“.

Според полицијата, сообраќајната несреќа се случила околу 9 часот кога автомобил „пежо 206“ управуван од скопјанец на возраст од 63 години удрил во 15 годишно дете. Детето било префрлено во Ургентиот центар „Мајка Тереза“ од каде ја информирале полицијата.

Првично, не станува збор за посериозно повреди.

Од МВР информираат  дека на булеварот се случила сообраќајна несреќа и во 11 часот, овој пат кај „Американ Колеџ“. Тогаш се судриле автомобили „голф“ и „цитроен„ со скопски регистерски ознаки. Нема информации за евентуално повредени.

На овој булевар многу често се случуваат сообраќајни несреќи, иако беа поставени семафори.

Треба да знаете
Последни објави