Search

Новиот бисер на Реал: Се идентификувам со Нејмар и Робињо

Новото засилување на Реал Мадрид, Родриго, беше исклучително среќен на прес-конференцијата неколку минути по официјалната презентација.

Тој изјави дека да игра за Реал Мадрид е остварување на неговиот детски сон и дека денес е најсреќниот ден во неговиот живот.

– Сé уште не сум разговарал со Зидан, но тој беше одличен фудбалер и сега е голем тренер. Не можам да дочекам да тренирам под негова насока. Во сите клубови има тензии, но тука се уште поголеми, бидејќи ова е најголемиот клуб во светот. Виничиус ми рече дека мора да бидам трпелив. Јас сум брз напаѓач, дриблер. Се идентификувам со Нејмар и Робињо, призна 18-годишниот Бразилец.

Треба да знаете
Последни објави