Search

Новинарка на „Ле монд“ одбива да им ги открие своите извори на безбедносните служби

Новинарка на „Ле монд“ одби да ги открие своите извори за време на сослушувањето од страна на француската домашна разузнавачка служба во врска со статии што таа ги напишала откривајќи наводна корупција и кронизам во внатрешниот круг на претседателот Емануел Макрон.

„Ме прашаа многу прашања за начинот на кој ги проверив моите информации, што беше индиректен начин да ме прашаат за моите извори. Им објаснив дека само си ја завршив работата како новинар”, изјави Ариан Шемин, додавајќи дека одбила да одговори на имплицитното прашање.

Шемин била испрашувана 45 минути во средата во присуство на нејзиниот адвокат од страна на Генералниот директорат за внатрешна безбедност (ДГСИ) една недела откако стана петтиот новинар повикан во агенцијата – што стана вознемирувачки нов модел на новинарско заплашување од владата на Макрон.

Нејзиното известување за аферата „Бенала”, скандал што избувна откако еден од телохранителите на Макрон беше снимен како тепа демонстрант, облечен како полицаец, придонесе за оставката на неколку владини претставници.

Од ДГСИ најмногу биле заинтересирани за статиите во врска со поранешниот офицер на воздухопловните сили Чокри Вакрим, чија сопруга раководеше со обезбедувањето на канцеларијата на премиерот. Таа беше принудена да поднесе оставка откако „Ле монд” откри дека двојката ја пречекала посрамената Бенала во нивниот дом.

„Сторија сè  за да го направат ова застрашувачко. Им објаснив дека никогаш не ги читам статиите пред да бидат објавени и дека не треба да го правам тоа, но тие постојано ми велеа дека делото е казниво со пет години затвор и со парична казна од 75.000 евра“, изјави во средата уредникот на „Ле монд”, Луи Драјфус, опишувајќи го сопственото испитување во ДГСИ. Тој беше сослушан истиот ден како Шемин.

Претходно овој месец ДГСИ испрашуваше четворица новинари од истражувачкиит веб-сајт Disclose, и им се закануваше со петгодишна затворска казна во согласност со законот од 2009 година со кој се забранува напади врз националните одбранбени тајни откако објавиле статија врз основа на доверлив документ со кој францускиот владата свесно го прекршува договорот за оружје за 2014 година, продавајќи офанзивно оружје за Саудиска Арабија и ОАЕ за да водат војна во Јемен.

Макрон е во офанзива против новинарите кои ги критикуваат неговата администрација и политики. Во февруари полицијата без налог изврши рација во канцелариите на „Медијапарт“, друг медиум кој известуваше за скандалот „Бенала“.

Минатата година беше донесен закон со кој владата може да затвори која било новинска агенција четири месеци пред изборите сè додека нејзиниот „престап“ може да се смета „под влијание на странство”.

Треба да знаете
Последни објави