Search

Новинарите на „Ројтерс“ кои добија Пулицерова нарада остануваат во затвор во Мјанмар

Врховниот суд во Мјанмар ја отфрли и последната жалба на двајцата новинари на „Ројтерс“ добитници на Пулицерова награда, кои се осудени на седум години затвор за издавање државна тајна.

„Тие се осудени на седум години и таа одлука останува, а жалбата е одбиена“, рекол судијата Сое Наинг.

Ва Лон (33) и Киав Сое О (29) поминаа повеќе од 16 месеци во затвор откако беа уапсени во 2017 година додека работеле на истражување за убиството на 10 муслимани Рохинџи.

Извештајот наречен „Масакр во Мјанмар“ го довршија нивните колеги и беше објавен оваа година, а минатата недела освои Пулицерова награда за меѓународно известување.

Адвокатите во жалбата наведоа дека не постојат докази дека Лон и Сое О се виновни како и дека постојат докази дека полицијата ги наместила односно им подметнала тајни документи.

Треба да знаете
Последни објави