Search

Новинарите мета на нападите на „жолтите елеци”

Повеќе новинари и новинарски екипи беа нападнати изминатите саботи на демонстрациите на „жолтите елеци” во Франција, тоа се случи и за време на вчерашниот девети чин на кој излегоа околу 84.000 лица. Телевизиската група ТФ1 најави дека ќе поднесе тужба против напаѓачите на екипата на информативниот тв канал ЛЦИ, јавува дописникот на МИА.

Во Руан една од екипите на ЛЦИ, составена од два новинари и два агенти од приватно обезбедување, беа насилнички нападнати од повеќе лица кои учествуваа на манифестацијата на „жолтите елеци”.

Едниот обезбедувач беше претепан и повреден во пределот на главата, при што се здобил и со фрактура на носот. ТФ1, сопственик на каналот ЛЦИ го осуди најостро нападот и најави дека ќе поднесе пријава против напаѓачите. Во едно видео на регионалниот весник Пари Норманди, се гледа како обезбедувачот паднат на земја е удиран од повеќе лица, од кои некои носат жолти елеци.

Во Париз, исто така една друга екипа на ЛЦИ беше нападната, при што една новинарка беше падната на земја, пред да биде заштитена од другите демонстранти. Во Тулон, двајца видео новинари на агенцијата АФП беа бркани од десетина лица и добиле удари по грбот и камерата и една клоца во половината, пред да се засолнат во еден ресторан.

Во Марсеј еден видео новинар на Франс3 (јавниот тв сервис) и два фоторепортери беа спречени да работата од десетина жолти елеци, кои ги принудија да се оддалечат со навредите „новинарите не си ја вршат нивната работа”.

Во Тулуз новинарка на „Депеш ди миди” беше нападнат при што таа се засолни во автомобил, проследена со заканите „ќе те извадиме и ќе те силуваме”, објави нејзиниот уредник Лионел Лапард.  Таа успеа да побегне благодарејќи на два „жолти елеци”.

Ноќта пред 13 јануари, депото на Вуа ди Нор, регионален весник од Северна Франција беше блокирано од жолтите елеци кои ја спречија дистрибуцијата на 20.000 примероци на весникот. Додека во Оксер други жолти елеци го спречуваа излегувањето од печат на дневниот весник „Јон реоубликан”.

Тоа не е прв пат новинарите кои ги покриваа демонстрациите на жолтитете елеци да бидат напаѓани. Вкупно триесетина новинари од почетокот на движењето пред два месеци беа изложени и жртви на полициското насилство, а повеќе телевизиски канали своите новинари кои се на теренот ги обезбедуваат со приватно обезбедување.

Генералниот секретар на „Репортери без граници” Кристоф Делуар, испрати алармантен повик, со оглед дека е направен нов чекор кон насилството врз новинарите.  Според него, се наоѓаме пред сериозна ситуација, која може да се влоши. Тој побара од политичарите да кажат дека не ги одобруваат овие напади и дека ги осудуваат, а од оние кои зборуваат во името на жолтите елеци да се десолидаризираат.

Делуар го прифаќа правото да се критикува уредувачката политика на медиумите, но не прифаќа, како што рече, да се „најдеме во неприфатлива антидемократска уцена, според која ако не се зборува за еден настан како што се очекува, тогаш се има за право да се тепаат или линчуваат новинарите”.

Политичарите ги осудија нападите на новинарите, но често и тие знаат да ги имаат новинарите за мета на напади, кога не се согласуваат со нив.

– Само диктатурите и затворените режими ги измачуваат и убиваат новинарите. И има демократии како Франција, каде „само прогласениот народ” го прави тоа, напиша пистаелот и филозоф Рафаел Ентховен.

Додека новинарот Томас Сото само направи мало потсетување: „Критикувајте не колку што сакате, тоа е нормално. Но не заборавајте една земја без новинари се вика диктатура”.

Треба да знаете
Последни објави