Search

Нова швајцарска „шлаканица“ за Србија на мундијалите

Последниот патник во осминафиналето на 22. Светско фудбалско првенство во Катар е  Швајцарија која во 3. коло од групната фаза ја совлада Србија со 3:2. Во вториот натпревар од оваа група сигурниот осминафиналист Бразил неочекувано загуби од Камерун (0:1).

Во одлучувачкиот меч за конечниот редослед на репрезентациите во групата Г, Швајцарија и удри нова „шлакнаица“  на Србија потсетувајќи на мундијалот во 2018 година. Швајцарците ги искористија сите грешки во одбраната на Србија и стигнаа до победата.

Џердан Шаќири, исто како во 2018 година, постигна гол против Србија, отварајќи го резултатот во 20. минута од мечот, но Србија најави дека има доволно моќ во нападот за пресврт – Александар Митровиќ во 26.минута постигна прекрасен гол за глава, за девет минути подоцна, Душан Влаховиќ да донесе 2:1 водство за „орлите“. Меѓутоа, во 44. минута од мечот, користејќи една од многуте грешки на Србија во одбраната, Бри Емболо го постигна својот втор гол за 2:2. Наместо во второто полувреме Србија да тргне по гол кој ќе им обезбедеше место во осминафинае, тие дозволија фудбалерот на Нотингем форест, Ремо Фројлер во 48. минута да донесе водство за Швајцарција. Ова водство тие го задржаа до крајот на мечот за голем успех на нивната репрезентација. Србија во финишот не успеа да стигне до некој импулс да се тргне офанзивно во потрага по два гола.

Бразил во меч кој не значеше многу за нив, го доживеа првиот пораз на Мундијалот, откако Винсен Абубакар во 91. минута постигна гол, по што иронично доби и втор жолт картон за прославата.

Бразил го освои првото место во групата Г со шест бодови, по што следи Швајцарија со шест бода, но и полоша гол-разлика од „кариоките“, Камерун заврши трет со четири бода и последна е Србија со еден поен.

Треба да знаете
Последни објави