Search

Нова цистерна за уште почист Карпош

Од денеска, сите локални улици во Карпош се мијат и дезинфицираат со уште една, четири тонска цистерна. На овој начин, на терен работат три цистерни, кои ги мијат улиците, но вршат и дезинфекција пред маркети, банки, пошти, аптеки и други пофреквентни места.

Утринава, се миеја улици и се дезинфицираше пред фреквентни места, во Карпош 3, Карпош 4, Тафталиџе 2 и Злокуќани.

Оваа нова цистерна е во сопственост на правното лице „Анизор“ и е дадена на привремено користење на Општината, без никаков финансиски надомест (донација). Ги повикуваме и сите други, општествено одговорни компании да се приклучат во оваа битка за справување со коронавирусот. Затоа што сите сме одговорни за јавното здравје!

Локалната самоуправа продолжува со секојдневните активности за  чистење на јавните површини и дезинфекција на влезовите на сите згради со повеќе од осум домаќинства во Карпош.

 

 

Треба да знаете
Последни објави