Search

Нова цена на бензините од понеделник

Стравот од недостаток на нафта ја качи цената на најбараниот енергенс на највисоко ниво во последните месец дена.

 

Во моментов барел нафта на берзата во Лондон се продава за 78,7 долари што е значително зголемување од околу 4 долари за барел во однос на цената од пред една недела.

Барањето на САД земјите да запрат со увоз на нафта од Иран најавува ново зголемување на цената на светските берзи.

Во такви услови извесно е дека по два циклуси на поевтинување, за 10 дена регулаторот ќе објави зголемување на цените.

Доколку се остварат најавите и до крајот на пресметковниот период, поточно идниот понеделник на 9 јули барел нафта надмине и 80 долари не треба да биде изненадување доколку значително пораснат малопродажните цени.

Иако е рано да се прогнозира сепак може да се очекува поскапување за 2 до 3 денари по литар.

Треба да знаете
Последни објави