Search

Нова студија тврди: Трудниците не треба да јадат за „двајца“

Во текот на бременоста некои жени јадат повеќе од вообичаено, но во најновата студија објавена во медицинското списание  научниците тврдат дека трудниците кои јадат за „двајца“ би можеле да го загрозат здравјето на своите неродени деца.

Доколку трудницата премногу се здебели тоа може да претставува ризик за детето. Истражувањето е спроведено во Хонг Конг, во него учествувале 905 трудници. Резултатите покажале дека децата на тој начин се изложуваат на ризик од висок крвен притисок или проблеми со инсулинот.

Иако студијата се фокусирала на лошите ефекти кои претераната дебелина може да ги има на децата, научниците велат дека тоа претставува ризик и за мајката бидејќи постои можност да има поголемо ниво на глукоза во крвта.

Докторите забележале дека децата, чии мајки многу се здебелиле во текот на бременоста, имаат повисок крвен притисок и послаба контрола на шеќерот во крвта, обратно е кај жените кои не се здебелиле многу во бременоста.

Бременоста бара внесување на дополнителни 300 калории на ден. На трудниците им е потребна балансирана исхрана која овозможува токму толку дополнителни калории. Исто така, доколку бременоста не е ризична, треба и редовно да се вежбт за да се избегне зголемувањето на калориите, се наведува во студијата.

Треба да знаете
Последни објави