Search

Нова кривична за ШЕНДИ-ФАРМ, затајувал данок и продавал Трамадол без рецепта

Полицијата до ОЈО Куманово, поднесе кривични пријави против кумановецот А.И.(45), како и против неговата фирма ШЕНДИ-ФАРМ  за сторени продолжени кривични дела -злоупотреба на службена положба и овластување, производство и пуштање во промет штетни средства за лекување и даночно затајување.

Според полицијата, од 18.02.2015 година до 29.12.2015 година, како и од 14.01.2016 година до 24.12.2016 година,  А.И. како сопственик и управител на Приватна здравствена установа-аптека ШЕНДИ-ФАРМ,  во два наврати од  Друштво за трговија на големо и мало веледрогерија ГЕО-ФАРМ ДООЕЛ увоз-извоз Куманово набавил прво 39.701 кутии опијатен аналгетик Tramadol во вкупен износ од 2.404.621денари, а потоа уште 78.294 кутија од истиот аналгетик за 4.913.652 денари, а сето тоа по големопродажна цена за кутија од 57,59 денари по кутија со намера да ги препродаде по многу повисока цена -во малопродажба по цена 83 денари за кутија.

-Притоа, набавените количини воопшто не ги прикажал во материјалното книговодство, ниту во 2015 ниту во 2016 година, не ги внел во книговодствена евиденција  а воедно продажбата на наведената количина не ја извршил преку својата аптека, бидејќи знаел дека овој вид опијатен аналгетик се продава задолжително со рецепт издаден од специјалист. Истовремено А.И. знаел дека аналгетикот е штетен по здравје на пациентите, бидејќи влијаел на психофизички способности и со негово користење се создава зависност, а најчесто е употребуван од зависници на опијати. Инаку, при продажба по малопродажна цена од 83 денари за вкупно 117.995 кутии би се остварил промет од 9.793.585 денари денари или приход од 2.475.312 денари со што би избегнал плаќање  на данок од пет отсто од продадена кутија како  и целосно плаќање на данок, а на штета на буџетот.

Треба да знаете
Последни објави