Search

Нова казна за Интер поради расистички скандирања

Интер доби нова казна за манифестирање на расизам, откако дисциплинската комисија при италијанската федерација утврди скандирања на расистичка основа од северната трибина на стадионот „Џузепе Меаца“.

 

Казната на Интер ќе биде затворање на една од трибините при следниот меч дома откако видеа категорично докажуваат скандирања на фановите на Интер, за време на дербито со Милан против Френк Кеси.

Скандирањата кон Кеси се во 7-та и во 39-тата минута во првото полувреме.

Ова е втора казна за „сино-црните“ оваа сезона поради расистички манифестации од нивната публика. Тие одиграа два натпревари пред празни трибини во јануари, откако на мечот на 26 декември против Наполи беше навредуван Калиду Кулибали.

Треба да знаете
Последни објави