Search

Нова едиција книги за деца „Стела и Сани”

Издавачкиот центар ТРИ ја објави новата едиција книги за деца „Стела и Сани”, ликови, како што соопштуваат од издавачкиот центар, создадени за да им бидат најдобри другарчиња на децата со кои ќе можат да споделуваат идеи и приказни, да учат букви и многу нови нешта за светот.

Ликовите „Сани и Стела”,  со кои децата имаа можност да се запознаат преку промотивното видео „Азбука”, сега добиваат две печатени изданија со кои децата од најрана возраст ќе се дружат, ќе се забавуваат и ќе учат.

Двете нови шарени сликовници, „Сани и Стела и еден чорап во боја бела” и „Во овој балон нема место за еден слон”, се полни со бои и едукативно интерактивни теми. Двете се во издание на Паблишер, подбрендот на ТРИ, како дел од поголема едиција што носи голема свежина во продукцијата на оригинална содржина за деца.

Авторка на двете сликовници е Бистра Георгиева, а илустрациите се на Катерина Николовска.

Книгите можат да се најдат во сите книжарници и во продажната мрежа на ТРИ.

Треба да знаете
Последни објави