Search

Нова градинка и нова модерна амбуланта во Дексион следната година

Нова градинка и нова модерна амбуланта во Дексион следната година

Изградба на нова градинка, нова модерна амбуланта, како и административни простории за потребите на локалната самоуправа на место на постоечката здравствена институција во урбаната заедница Дексион, преку воспоставување договор за јавно-приватно партнерство вклучува Меморандумот за соработка кој денеска беше потпишан од страна на градоначалникот на општина Ѓорче Петров, Александар Наумоски и министрите за здравство и труд и социјална политика, Венко Филипче и Мила Царовска.

Преку взаемна соработка, поддршка и активности меѓу страните потписнички (три јавни институции), како и приватниот партнер кој треба да дополнително да биде избран на оглас, откако ќе заврши постапката за физибилити студија, очекувањата се дека до средина на следната година треба да биде поставен камен-темелник за овој повеќенаменски комплекс за јавни услуги.

-И се заблагодарувам на Владата на Република Македонија за поддршка на овој многу значаен проект за граѓаните, прв од ваков вид, воспоставен меѓу три јавни институции и приватен партнер, со кој ќе овозможиме подобрување и модернизирање на условите во здравството во кои сега работат медицинските лица во нашата општина, но и преку зголемување на капацитетите, намалување на бројот на дечиња кои чекаат да бидат запишани во градинка – рече градоначалникот Наумоски на прес-конференцијата.

Министерката Царовска информираше дека Владата за една година отворила 11 градинки, а до крајот на годината, се очекува отворање на уште 13 вакви објекти.

Според министерот Филипче, поголем број од амбулантите, како и таа во Дексион, се во лоша состојба, поради тоа што долги години не е инвестирано во нив. Но, со ваквите значајни проекти, како што рече, користејќи ги искуствата на модерните западни земји, се очекува состојбата во здравствениот сектор значително да се подобри.

Треба да знаете
Последни објави