Search

Нова “бомба”: Сашо Мијалков во 2018 бил донатор на ВМРО ДПМНЕ

Нова „бомба„ во која се слуша разговор на Зоран Милески Кичеец и претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицковски, е обајвена утрово на Јутјуб под корисничкото име Рекет   .

На јутјуб се појави нов детал од разговор на Христијан Мицкоски со осудениот во случајот рекет Кичеец во која тој потврдува дека и Сашо Мијалков бил еден од донаторите на ВМРО-ДПМНЕ со донации од по 5 илјади евра за покривање трошоци за автобуси. Мицкоски го спомнува 2 јуни што е датумот кога тој држеше говор на опозициски митнг пред Владата во 2018 година.

“Сашо даде два пати по 5 илјади евра за автобусите за 2 јуни” вели Мицкоски во разговорот.

Не е јасно од објавениот рразговор на кој начин Мијалков ги донирал овие пари за партиските активности на ВМРО ДПМНЕ.

Треба да знаете
Последни објави