Search

Нова „бомба“: Мицкоски му се жали на Кичеец дека го сликале кога одел кај Камчев

Објавена е нова снимка од разговорите меѓу лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и осудениот во сличајот Рекет, Зоран Милески Кичеец.

Од снимката објавена на Јутјуб под корисничкото име Рекет се слиша дека Мицкоски му се жали на Кичеец дека е сликан пред да влезе во некој објект каде бил и Орце Камчев имајќи го предвид фактот дека бизнисменот бил под ПИ мерки.

„Море човек, јас, ниту излегло од мене муабет дека ние некој пат се слушаме, ниту некаков муабет“, му вели Кичеец на Мицкоски, по што лидерот на ВМРО-ДПМНЕ му враќа: „Ама мене ме имаат сликано, таму кога го следеле Орце, како влегувам. Под ПИ мерки кога бил он и мене ме имаат сликано“.

На снимките се слуша и Слободанка Алексовска, поранешна раководителка во Агенцијата за вработување, сега вработена во „Систина“, која беше и на првите четири „бомби“ на кои се слуша комуникација меѓу истите тројца.

Треба да знаете
Последни објави