Search

Нова „бомба“ за Николовски: Зградите се на Нефи бандитот, тоа му е дел од договорот за изборите

Нови „бомба“  е објавена утрово на Јутјуб каналот  Обнова на режимот каде се слушаат разговори меѓу носителот на пратеничката листа во Изборната единица 4 на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски и ексминистерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески.

Во овој разговор кој е именуван како „Николоски градежна мафија со Нефи во Охрид“ , се споменува и сегашниот советникот во Општина Охрид, Нефи Усеини,претседател на огранокот на ДУИ, чие семејство е сопственик на градежна компанија. Од снимката се слуша како Николоски не дозволува да се чепка местото каде ќе гради Усеини, бидејќи, тоа му било дел од договорот за избори.

„Ало министре“, одговара Николоски, на што Јанакиески возвраќа: „Шефе, има некој план за Охрид, … Гранит кај што ви се зградите, во продолжение на Гранит зградите“, а Николоски му вели: „Оооо никако тоа. Тие се на Нефи, овој бандитов, Албанецот. Згради се тие така?“. Јанакиески вели „Четири згради се, да“, па Николоски продолжува: „Да, да, од Нефи се тие. Тоа му е дел од договорот, ова, за избирите.

Против Усеини и во моментов има неколку предмети кои ги води обвинителството во Охрид.

Треба да знаете
Последни објави