Search

Нова „бомба“ за Заев и Бранко Црвенковски

Нови две аудио снимки на кои се слуша гласот на лидерот на СДСМ Зоран Заев се објавени денеска на корисникот „Бране капитал“ на Ју тјуб.

На снимките се слуша разговор со друго лице и Заев, но гласот на непознатиот е мутиран.Во разговорот Заев и соговорникот зборуваат за Бранко Црвенковски.

На почетокот Заев се фали дека тој го презел и го финансира СДСМ и дека не му се потребни ни Бранко ни луѓето на Бранко.

Потоа лидерот на СДСМ објаснува дека Бранко Црвенковски сега нема никакво влијание во партијата и дека не му треба оти има 8,5 милиони евра капитал.

 

Треба да знаете
Последни објави