Search

Нова анкета и ново водство на СДСМ – владејачката партија апсолутен фаворит на локалните избори

Довербата во владејачката СДСМ останува највисока меѓу граѓаните покажа и последната анкета на Стратум РиД спроведена во последната недела од септември и првата недела од октомври. Според оваа анкета дури 26,1 отсто од граѓаните кои ќе излезат на изборите својот глас ќе го дадат на СДСМ.

Оваа последна анкета повторно ја потврдува предноста на СДСМ пред најголемата опозициска партија, ВМРО-ДПМНЕ, која според анкетата ќе освои 23,8 отсто од гласовите.

Доколку се анализираат процентите на граѓаните кои одговориле дека ќе гласаат, по СДСМ и ВМРО следува ДУИ со рејтинг од 11,64 отсто, пред Алијанса за Албанците со 11,49 отсто.

Граѓаните во анкетата исто така се пооптимисти и сметаат дека нивната финансиска состојба во последните шест месеци е подобрена, но и поголем процент сметаат дека таа ќе се подобрува во наредните 12 месеци.

Анкетата на Стратум РиД е спроведена со директни интервјуа во домаќинствата на испитаницате, односно три етапен стратификуван случаен примерок со големина од 1200 домаќинства.

Агенцијата СТРАТУМ РИД (R&D- Истражување и развој) постои од 2015 година и има големо искуство во спроведување на различни видови истражувања, квалитативни и квантитативни, како и социо – економски истражувања. Агенцијата со својот тим има спроведено огромен број социо – економски истражувачки проекти, пред се за меѓународни донаторски организации, но и за домашни. STRATUM R&D доби голем број престижни признанија ширум светот во последните три години за ИМПАЛА, платформа за невромаркетинг. Во 2018 година, Светскиот форум за иновации ја прогласи за најинтригантен иновативен старт-ап во Луцерн, Швајцарија. Истата година, компанијата беше рангирана на прво место во повикот за предлози на Фондот за иновации и технолошки развој и доби грант за ИМПАЛА. Во 2020 година, бевме поканети да учествуваме на престижната конференција за вештачка интелигенција на Светскиот економски форум во Давос. Во 2020 година, ИМПАЛА беше финалист за Светскиот самит за претприемништво – програма на Обединетите нации за импакт претприемништво. STRATUM R&D е член на професионални организации ширум светот за истражување на пазарот: ESOMAR, Women in Research, NMSBA што е гаранција за имплементација на највисоките професионални стандарди и процедури како и за контрола на највисок квалитет.

Треба да знаете
Последни објави