Search

Нова алжирска група го повика Бутефлика да даде оставка

Нова алжирска група на чело со политички лидери, членови на опозицијата и активисти го повика претседателот Абделазиз Бутефлика да даде оставка на крајот од својот мандат на 28 април, истовремено повикувајќи ја армијата да не се меша во политиката.

Во соопштението под наслов „Платформа на промени“, Националната координација за промени, исто така, ја повика и владата да поднесе оставка по повеќе од три недели масовни протести против 20-годишното владеење на Бутефлика.

„Постои итна потреба да се направат радикални промени на системот со нов персонал“, рече групата.

Меѓу поистакнатите членови на новата група се адвокатот и активист за човекови права, Мустафа Бучачи, лидерот на опозицијата, Карим Табу, и поранешниот министер за финансии, Али Бенуари, како и двајца добро познати исламисти, Мурад Дина и Камел Гумаз.

Треба да знаете
Последни објави