Search

Нова акција на грчката полиција во атинската населба Ексархиа

Запленета дрога, еден уапесен и 70 приведени е билансот од денешната нова, втора по ред акција на грчката полиција во атинската населба Ексархиа, јави дописничката на МИА од Атина.

Полициски извори за грчката новинска агенција АНА-МПА изјавија дека биле спроведени две паралелни акции што започнаа во шест часот утрово. Во првата, во два објекти под опсада биле приведени две жени од Италија и Франција и 68 бегалци и мигранти од Сирија, Авганистан, Алжир и Мароко.

Во втората акција, во стан во Ексархија биле пронајдено и конфискувано големо количество дрога, а уапсено 50-годишнен маж.

Минатиот четврток, во првата акција, во два одвоени случаи, беа приведени 100 бегалци, а уапсени три лица за поседување и трговија на дрога.

Бегалците и мигрантите биле приведени по упадот на полицијата во два објекти, кои беа под опсада. Сопствениците имале судска одлука за празнење на објектите, поради што и интервенираше полицијата.

Треба да знаете
Последни објави