Search

Нова акција за исплата на долгови без камата за задоцнето плаќање

ЈП Водовод и канализација – Скопје, со цел исполнување на потребите на своите корисници и по успешно спроведената акција во јули, донесе одлука за спроведување на уште една акција за исплата на заостанатите долгови без камата за задоцнето плаќање. Акцијата за наплата на долговите без камата за физички и правни лица е со определен временски рок, од 02.11.2020 до 15.12.2020. По истекот на овој период одлуката престанува да важи. ЈП Водовод и канализација- Скопје имајќи ја предвид социјално-економската состојба како резултат на пандемијата, повторно излегува во пресрет на потребите на граѓаните. Имено, секој работен ден од 8 до 14 часот, граѓаните можат да се обратат во Секторот за наплата, за исплата на долговите до 24 месечни рати во зависност од висината на долгот.

Процесот за наплата во ЈП Водовод и канализација – Скопје ќе се одвива непречено со почитуваање на сите протоколи, со цел заштита од ширењето на корона вирусот. Сите корисници кои доаѓаат во просториите на претпријатието треба да го одржуваат редот на чекање за влез, притоа почитувајќи го определеното растојание. При влез, задолжително е носење на заштитна маска, а пред влез на секој клиент ќе му се мери телесната температура. При влегување и излегување од просториите на претпријатието задолжителна е и дезинфекција на рацете. Бројот на корисници кои влегуваат во просториите на претпријатието е ограничен, согласно одредените протоколи за заштита. Со цел заштита на корисниците и вработените, во ЈП Водовод и канализација – Скопје, секојдневно се врши зачестена дезинфекција на просторот.

 

Треба да знаете
Последни објави