Search

НоваТв: Со државни пари давани на фирми преку тендери, Груевски и Божиновски ја граделе вмровската империја

НоваТв: Со државни пари давани на фирми преку тендери, Груевски и Божиновски ја граделе вмровската империја

Ако Никола Груевски не му испрати полномошно на адвокатот Дончо Наков или на некој друг адвокат, тогаш судот ќе му назначи адвокат по службена должност и судењето за „Талир 2“ за криминалот со имотите на ВМРО ДПМНЕ ќе може да започне, иако очекувано е дека веднаш на следното судење адвокатите на Груевски и на Кирил Божиновски, заедно обвинети во предметот со уште тројца (шестиот ја призна вината), ќе настапат со стратегија за ново одложување и така до недоглед, како примерот со „Талир“ каде десетина пати процесот се одложува, се додека судот не стане построг и не започне поефикасно да ги организира и спроведува судењата за предметите на СЈО. Двата споменати предмети се кристиално јасни што се однесува до доказите и до вината на обвинетите пишува НоваТв.мк.

Во „Талир 2“ кој се однесува на криминалната изградба на партиското седиште на ВМРО ДПМНЕ постои експлицитна писмена комуникација помеѓу Груевски и Божиновски, но постојат и два документа кои во СЈО ги сметаат за цврст материјален доказ кој двајцата ќе мора да ги однесе во затвор – Договор за пренесување право на градба и Договор за регулирање права и обврски помеѓу партијата и „Бетон“ кои се спротивни на Законот за финансирање на политичките партии и Законот за облигациони односи.

Во другиот случај „Талир“ каде покрај Груевски и Божиновски, обвинети се и Миле Јанакиески, Илија Димовски и Леко Ристоски, обвинителите како доказ го имаат признанието на Елизабета Чингаровска, која беше исто така обвинета, а потоа и осудена на условна казна, но и исказите на стотици сведоци од ВМРО ДПМНЕ чии имиња беа злоупотребени како партиски донатори.

Што е заедничко за двата предмета?

И преку двете кривични дела, ВМРО ДПМНЕ со украдени пари купувала имот за партијата низ цела држава, а ја изгради и партиската палата во Скопје. И на двете дела главен спроведувач е Никола Груевски, со крајна цел – зацврстување на неговите и на позициите на неговите соработници во партијата, претворање на партијата во приватна своина, што и не беше далеку од реалноста.

Газди на фирми добивале упатства од Божиновски во владиниот кабинет, а парите оделе кај Груевски

„Талир“ беше покренат во ноември во 2018. и пред обвинителниот акт да наполни година, судскиот процес се уште не започнал. Постојаните тактики и игри на адвокатите, но и толерирањето на таквото однесување од страна на судот и негова замреност во однос на предметите на СЈО, можно е уште долго да ги одложуваат и двата предмета за стекнатиот имот на ВМРО ДПМНЕ.

Каква била шемата за финансирање на партијата?

Во меморијата на јавноста за овој случај, најмногу е врзан детаљот дека нелегални пари преку уплатници пополнети во име на партиски членови и симпатизери во вид на донација биле уплаќани на сметката на ВМРО ДПМНЕ.

Но, кои се тие пари?

Обвинителниот акт за „Талир“ открива дека тоа биле испумпани државни пари преку договорени компании на кои им биле делени тендери за извршување на јавни услуги.

Повеќе од текстот на следниот ЛИНК

Треба да знаете
Последни објави