Search

“Новата“ Јелена Карлеуша како “од мајка родена“!

Јелена Карлеуша кога нема нова песна има нови слики и тоа не било какви. Од како ги испрати децата на море со се сопругот Дуле, “мала од скандала“ се зафати со своето најпосакувано хоби: да споделува најпровокативни фотографии поради кои армија од нејзините огнени обожаватели, се разбира од машкиот пол, останаа без здив.

Карлеуша не само што е жешка на овие слики туку толку добро изгледа без разлика што за нејзиниот портокалов фустан трачараат дека чини само 20 евра.
– Не е важна цената, туку да знаеш да го носиш фустанот, бидејќи чантата која ја држам во рацете е над илјада евра, а мислам дека не ја носам онака како би требало да ми стои, вели Јелена која никого никогаш не остава да биде рамнодушен. На некои очите им испаѓаат, на некои срцето им чука триста на саат.Тоа е таа балканската естрадна дива!

Преземено од Вечер Прес

Треба да знаете
Последни објави