Search

Новата шпанска Влада положи заклетва

Дваесет и двајца министри во новата шпанска Влада на Педро Санчез положија денеска заклетва на церемонија на која присуствуваше и шпанскиот крал Филип Шести.

Петмина министри во новиот кабинет се членови на партијата „Обединети можеме”, а нејзиниот лидер Пабло Инглесијас е еден од вицепремиерите.

Премиерот Санчез како цели на новата администрација ги постави социјалните реформи, економскиот раст и дијалогот со сепаратистите во Каталонија.

При положувањето на заклетвата, сите министри одделно се заколнаа дека ќе го почитуваат шпанскиот Устав и ќе му бидат лојални на кралот.

Треба да знаете
Последни објави