Search

Новата футсал сезона почнува со дерби КМФ Железарец – КМФ Проект

Со два натпревари вечерва официјално стартува новата македонска прволигашка сезона во футсал, во која титулата ја брани екипата на КМФ Проект.

Актуелниот шампион на стартот од новата прволигашка сезона в недела го очекува дерби натпреварот против најтрофејниот македонски футсал клуб Железарец, а правдата на натпреварот ќе ја дели интернационалниот футсал судија Марјан Младеновски, заедно со Никола Костенчев.

Двојки и термини за натпреварите од првото првенствено коло:

Петок 19:00 час. – Тетово: КМФ Шкендија – КМФ Арбен Бајрами

Петок 20:15 час. – Кавадарци: КМФ Црна Река – КМФ Енхалон

Сабота 15:00 час. – Липково: КМФ Карадаку – КМФ Велес

Сабота 18:00 час. – Скопје: КМФ Јувентус – КМФ Шкупи

Недела 17:00 час. – Скопје: КМФ Железарец – КМФ Проект.

Треба да знаете
Последни објави