Search

Новата книга за Макрон открива: Тој воопшто не владее со Франција, туку неговата жена!

Останаа само неколку дена до објавувањето на новата биографија на францускиот претседател Емануел Макрон, од страна на политичкиот дописник на Фигаро, Артур Берда, кој тврди дека Франција всушност не ја води претседателот, туку неговата сопруга Брижит Макрон.

Самиот Макрон му дал поголемо интервју на авторот на книгата, Артур Берди, во која открил дека токму неговата сопруга Брижит е неговиот клучен советник со сопствен „сензибилитет“.

Затоа, не е изненадувачки што авторот го напишал токму тоа во книгата – дека Брижит Макрон има клучна улога во сите одлуки што се донесуваат во Елисејската палата и затоа книгата со нетрпение се очекува.

Емануел Макрон (43) за неговата 68-годишна сопруга изјавил: „Слушам што чувствува, што вели и што ќе ѝ кажат. Таа ме познава и верувам во нејзината одлука. Би било погрешно да се каже дека има никаква улога и никакво влијание врз мене. Таа споделува со мене сè во животот, сè од вечер до утро“.

Макрон додал дека иако не се согласува со неа за сè, на крајот на денот слепо верува само во неа, сметајќи ја за единствена личност која внимателно слуша во кризни периоди.

Колкаво е нејзиното влијание врз него, најдобро е опишано со зборовите: „Нејзиното место во оваа куќа е многу поголемо од она што жената го има како верен придружник во животот“.

Преземено од Локално

Треба да знаете
Последни објави