Search

Новата Влада на СДСМ ќе обезбеди прочистување на правосудството и проверка на потеклото на пари и имот на секој функционер

СДСМ води сериозни преговори за формирање на влада со полн четиригодишен мандат, која ќе обезбеди прочистување на правосудството и проверка на потеклото на пари и имот на секој функционер.

Новата влада посветено ќе се зафати со борба со криминалот и корупцијата на сите нивоа – без разлика дали некој доаѓа од партија, од општина, од институција, дали е експерт, функционер, познат или непознат.

Приоритет е прочистување на правосудството, а заедно ќе договориме и ќе воспоставиме систем за проверката на потекло на пари и капитал кај секој функционер.

Судиите и обвинителите имаат обврска да испорачаат владеење на правото во кое законот е еднаков за сите. Судиите кои застаруваат предмети ќе бидат разрешени по автоматизам. Ќе биде извршена темелна ревизија на 5% од сите судски пресуди во последните 5 години, по случаен избор.

Следува разрешница на сите предмети отворени од Специјалното јавно обвинителство.

Изминатите две и пол години ги создадовме сите услови, го донесовме Законот за јавно обвинителство, кој гарантира дека политиката не може да се меша во судските одлуки, а сите предмети за висока корупција мора да имаат судска разрешница.

Во следниот, четиригодишен мандат ќе покажеме дека можеме уште повеќе и уште подобро да работиме во интерес на граѓаните.
Треба да знаете
Последни објави