Search

Новак Ѓоковиќ не е уапсен

Новак Ѓоковиќ не е уапсен, јавија некои австралиски медиуми.

Иако полициски сили влегле во зградата каде што е најдобриот тенисер на светот со своите адвокати, тој сè уште не е приведен, јавува добро информираниот новинар Пол Сакал, а тоа го потврди и за „The Age” за кој пишува, како и за „Сиднеј Морнинг Хералд”.

„Сиднеј Морнинг Хералд” пишува дека според четири владини и тениски извори, српскиот тенисер не е уапсен.

Истиот весник јавува дека во зградата во која се наоѓа Ѓоковиќ нема гранична или федерална полиција.

И покрај одлуката на судот, за депортација на Новак Ѓоковиќ одлучува министерот за имиграциско право, Алекс Хок.

Треба да знаете
Последни објави