Search

Новак Ѓоковиќ и Ханка Палдум заедно го отпеаа хитот „Црне косе“ (Видео)

Новак Ѓоковиќ помина неколку дена во Високо во Босна и Херцеговина и тој ја запозна фолк пејачката Ханка Палдум.

Двајцата заедно го отпеаа големиот хит на Ханка, „Црне косе“, кој Ѓоковиќ го обожава, а пејачката ги раскажа впечатоците за средбата со најдобриот тенисер на светот.

https://www.instagram.com/p/CCsbfpeBJ9E/

– За мене е голема работа кога ќе дојде еден таков голем човек, еден важен човек во нашата Босна и Херцеговина – рекла Ханка за порталот „СпортСпорт.ба“ и открила што му кажала на Ѓоковиќ.

– Низ дружењето со него, сфатив дека Новак не е случајно успешен. Тој е прекрасен човек со скромна душа. Само му кажав: „Блазеси и на мајка ти што те родила и на сопругата која те има“ – раскажала пејачката.

Инаку, уште пред 10 години постои снимка на која Ноле ја пее песната „Црне косе“, а наназад низ годините своите спортски успеси ги славеше токму со оваа песна.

– Знам дека тој секогаш ја пее таа песна кога слави некоја победа или трофеј после турнир – рекла Ханка.

Видеото погледнете го ТУКА 

Треба да знаете
Последни објави