Search

Новак: Симнувам капа пред Тим

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ му честиташе на Доминик Тим за победата во 2.коло на Мастерсот во Лондон. Австриецот го совлада Ѓоковиќ синоќа со 2-1 по голема тричасовна борба.

-Тим заслужено победи. Играше многу храбар тенис и ги погоди речиси сите топки. Тој го одигра целиот натпревар како да е последен поен. Морам да ја симнам капата пред него. Му честитам затоа што тој едноставно одигра одличен натпревар, изјави Ѓоковиќ.

По оваа победа Тим избори полуфинале во Лондон, додека Ѓоковиќ со Федерер ќе се борат за второто место во Б-групата и пласман во следната фаза.

Треба да знаете
Последни објави