Search

Новак немаше „рамо за плачење“ од сопругата Јелена во Мелбурн !

Новак Ѓоковиќ го освои својот десетти трофеј на првиот сезонски гренд-слем тениски турнир Австралија опен. Со овој 22. трофеј освоен на гренд-слем турнирите српскиот тенисер се изедначи по бројот на титули осовени на овие турнири со Рафаел Надал, кој беше рекордер, а од неделеата има и ко-лидер на листата најуспешни.

Новак по победата во Мелбурн против Стефанос Циципас беше обземен од емоции и плачеше од среќа во прегратките на својот тренер Горан Иванишевиќ, додека неговата мајка Дијана и неговите помали браќа го гушкаа и бакнуваа. Во овие емотивни мигови му недостасуваше „рамото за плачење“ од сопругата Јелена. Многумина се прашуваа зошто сопругата Јелена не беше со него во еден од најголемите моменти во кариерата на Новак.

Според пишувањата на српските медиуми, Јелена Ѓоковиќ никогаш не оди во Австралија со Новак.

Причината според медиумите е прилично едноставна. Австралија е предалеку за неа и таа останува дома со своите деца поради нивните училишни обврски. Сопругата на Ѓоковиќ е на чело на фондацијата Новак Ѓоковиќ, а со своите деца има бројни обврски низ Европа и Србија.

Треба да знаете
Последни објави