Search

Новак го пронашол својот наследник на тронот: „Тој би требало да биде лидер на овој спорт

Тенисот сè уште ги чека наследниците на тројцата најдобри. Новак Ѓоковиќ, Рафаел Надал и Роџер Федерер го држат тронот веќе 15 години, а за сега никој сериозно не им се заканил, освен Енди Мари.

„Некој наскоро ќе мора да се појави“ – смета 32-годишниот Новак Ѓоковиќ, светски број еден тенисер на светот.

„Тоа време ќе дојде, но се надевам не прерано. И понатаму ние тројца играме најдобро на најголемите турнири, на оние турнири кои ни се најважни“.

Кого Новак го гледа како следниот број еде тенисер?

„Доминик Тим. Тој е тука, во најтесниот круг, веќе повеќе години. Ми изгледа како најподготвен за број еден од останатите тенисери. Има искуство на Грен Слемовите и во него го гледам лидерот на овој спорт“ – изјавил Ѓоковиќ за 25-годишниот Австриец, четвртиот играч на светот.

На српскиот тенисер интересен му е и Русинот, Данил Медведев кој играше финале на Мастерс во Монтреал изгуби во два сета од Рафаел Надал.

„Тој има силно оружје во сервис. Се движи сè подобро, психички е силен и одличен во најважните моменти. Ќе биде сè подобар со текот на поголемите и потешки натпревари“ – изјавил Новак.

Треба да знаете
Последни објави