Search

НЛБ Банка апелира да се почитуваат превентивните мерки за поголема заштита

Во услови на пандемија од вирусот Covid 19, НЛБ Банка презема повеќе превентивни мерки со цел спречување на ширење на заразата, како и поголема заштита на здравјето на клиентите и вработените и што побезбедно и поедноставно спроведување на сите банкарски трансакции.

Со цел поголема заштита при посета на експозитурите реализирани се следните активности:

  • Поставени се ознаки за чекање ред во експозитурите и надворешниот простор пред експозитурите со цел одржување на растојание од минимум 2 метри.
  • Пред сите експозитури ангажирани се редари и лица за обезбедување задолжени за спроведување на редот и одржување на потребното растојание меѓу клиентите.
  • Во експозитирите е дозволен влез во групи од 3 до 5 лица, еднакво на бројот на присутни  вработени во експозитурата.
  • Клиентите постари од 67 години се опслужуваат во период од 10 до 12 часот.
  • Во сите експозитури поставени се средства за дезинфекција, при што потребно е клиентите да се дезинфицираат при самиот влез и излез од експозитурата.
  • Спроведување на засилена дезинфекција на сите простории, експозитури и банкомати со цел поголема заштита на посетителите и вработените.
  • Во тек е активност за опремување на експозитурите со заштитни маски за потребите на клиентите.

Пoкрај мерките за заштита на клиентите кои ги посетуваат експозитурите, Банката постојано апелира да се спроведуваат сите трансакции преку дигиталните канали без потреба од посета на експозитура.

Со цел минимизирање на посетите на експозитурите НЛБ Банка ги понуди следните поволности:

  • Овозможено е бесплатно електронско и мобилно банкарство, со цел клиентите што помалку да ги посетуваат експозитурите и да можат самостојно да ги извршуваат сите банкарски работи од дома
  • Извршена е предвремена исплата на пензиите, и истите се достапни од 25.3 на НЛБ Банкоматите
  • Од денес е овозможена достава на НЛБ Картичките на домашната адреса на клиентите.

Заради заштитата на здравјето, се повикуваат клиентите на доследно почитување на превентивните мерки од НЛБ Банка и од Министерството за здравство!

Експозитурите да се посетуваат само кога е неопходно!

Сите трансакции да се вршат преку НЛБ Клик – електронското и НЛБ мКлик мобилното банкарство.

За уплати и исплати да се користат НЛБ Банкоматите.

Да се избегнува готовина заради ризик од ширење на зараза и секаде каде што е можно да се плаќа со картички со бесконтактна технологија.

Треба да знаете
Последни објави