Search

Ни венчавка, ни крштевка немав три години, затоа барам отштета од таткото на Боки, вели попот Стојчев

Свештеникот Виктор Стојчев најави дека ќе бара отштета од Миле Јовановски, таткото на Боки 13, кој денес беше осуден на шест месеци затвор поради физички напад врз свештеникот. За ,,Фокус” тој појаснува дека се решил да бара отштета од Јовановски во граѓанска постапка, бидејќи цели три години, по нападот, луѓето биле убедени дека тој е тепачот, па не му доаѓале во црквата ниту за венчавки, ниту за крштевки.

Стојчев не прецизираше колкава би била сумата која што ќе ја бара од Јовановски, но вели дека доколку добие отштета, планира да ја донира, односно ќе била во насока на човекољубие. Тој додава дека како човек и како свештено лице, веќе му простил на семејството Јовановски.

Настанот поради кој Миле заработи шест месеци затвор се случил во јануари 2017 година, поради расправија, односно тепачка за паркинг пред нивните домови. Тогаш Стојчев бил удиран со тупаници и со нозе од страна на Јовановски, а се здобил и со скршеница на клучниот зглоб на левата нога.

Треба да знаете
Последни објави