Search

Ништо од трансфер во Челси- Јунајтед не го продава Роналдо

Манчестер јунајтед пратиле силна порака до Кристијано Роналдо, дека тој нема да биде продаден ова лето и дека ќе го исполни својот договор со уште една сезона на „Олд Трафорд“, тврди британскиот „Мирор“ по шпекулациите дека неговиот агент Жорге Мендеш се сретнал со новиот газда на Челси, Тод Бели.

Според „Мирор“, Јунајтед се бесни на шпекулациите кои го поврзуваат Роналдо со трансфер, прво во Баерн Минхен, а потоа и во Челси, по вестите дека 37-годишниот Португалец е разочаран од тоа што „ѓаволите“ засега не успеаја да донесат ниту едно засилување во текот на летниот преоден рок и покрај ветувањето до новиот менаџер, Ерик Тен Хаг.

„Кристијано не е на продажба. Очекуваме, и сигурно сме дека тој ќе биде со нас и следната сезона, бидејќи веќе е во планот на Тен Хаг“, вели изворот на „Мирор“.

Роналдо заработува фантастични 500.000 фунти неделно на „Олд Трафорд“, и иако беше најдобриот стрелец на клубот минатата сезона со 24 гола, клубот имаше катастрофална сезона во која заврши на шестото место во Премиерлигата. Главни цели на клубот во летниот преоден рок остануваат Френки де Јонг од Барселона, слободниот агент Кристијан Ериксен, како и Бразилецот Антони од Ајакс.

Треба да знаете
Последни објави