Search

Ниту поскапените вакцините против грип не ги пишманија граѓаните за вакцинација

За сите кои имаат помали пензии од 14.480 денари, како и за оние без пензија со навршени 65 години, а се решени да се вакцинираат, вакцината е бесплатна. Треба само да се појават кај матичниот лекар со потврда за сумата за пензија и да закажат термин

Валентина Ангеловска

Вакцинацијата за сезонски грип започна од утрово. Иако цената е повисок за 250 денари за разлиика од лани и е 650 денари, хронично болните и пензионерите уште од рано изутрина се пред вратите на Центрите за јавно здравје. За сите, пак, кои имаат помали пензии од 14.480 денари, како и за оние без пензија со навршени 65 години, а се решени да се вакцинираат, вакцината е бесплатна.

По првпат годинава Министерството за здравство за оваа намена набави 28.000 дози на вакцина.

На вчерашната прес конференција министерот за здравство Венко Филипчерече дека вакцината годинава е четиривалентна односно заштитува од четири вида на грип.

Набавивме четиривалентна вакцина, која е најнова, висококвалитетна, и заштитува од четири видови на инфлуенца и истата е според препораките на Светската Здравствена Организација и Европската Медицинска Агенција. Вакцините се набавени од француската фармацевтска компанија „Санофи Пастер“. Годинава им помагаме на граѓаните на кои им е најмногу потребна вакцината. Вакцинацијата не е задолжителна, но ја препорачуваме за лица над 65 години, како и за другите со хронични болести, но и здравствени работници и други лица во здравствен ризик,вели Филипче.

За пензионерите кои се во групата за бесплатни вакцини за да го остварат своето право мора  со чек од својата пензија да појдат кај матичниот лекар, кој пак преку „Мој термин“ ќе им закаже термин за вакцинација во некој од Центрите за јавно здравје. Пензионерите над 65 години кои не земаат пензија, ќе можат да се вакцинираат со потврда од ПИОМ.

За сите останати лица, кои сакаат да се вакцинираат, како што велат од ресорното Министерство, тоа можат да го направат во Центрите за јавно здравје, без закажување. Станува збор за 13.000 дози што ги набавија Центрите за јавно здравје, а цената за нив е 650 денари.

Министерството за здравство, како што посочуваат оттаму, при набавката постигна најниска цена на чинење со што заштеди околу 75.000 евра.

Вакцините против грип не се задолжителни, туку можат да се примат на доброволна основа. Се препорачуваат за хронично болни и возрасни пациенти.

Годинава обезбедени се вкупно 41.000 дози вакцини. Вакцинатаги покрива типовите на вируси на грип, кои циркулираат во северната хемисфера, вклучувајќи го европскиот регион и Македонија. Од Министерството за здравство велат дека оваа вакцина е подготвена според препораките од Светската здравствена организација.

„Вакцинацијата е единствена превентивна мерка против грип и се препорачува за лицата над 65 години, особено за хронично болните, потоа за малите деца до три годишна возраст, за здравствените работници, за лицата со кардиоваскуларни и респираторни заболувања, како и воопшто за лицата со намален имунитет“, велат од Министерството за здравство.

Фото: Слободан Ѓуриќ

Треба да знаете
Последни објави