Search

Ниту еден пратеник или член на собраниските служби нема да оди во изолација поради контакт со Петровска

Ниту еден пратеник или службеник од Собранието нема да оди во изолација поради контакт со пратеничката Славјанка Петровска, која пред два дена објави на својот профил на Фејсбук дека е позитивна на коронавирусот, информираат за МИА од Центарот за јавно здравје.

– Петровска немала ризични контакти во Собранието. Во изолација ќе одат само членовите на нејзиното семејство, изјави за МИА, директорот на Центарот за јавно здравје Александар Стојанов.

Во Собранието, како што посочи тој, се почитуваат сите мерки за заштита и превенција од коронавирусот.

И колегите на Петровска од пратеничката група на СДСМ велат дека се почитуваат сите мерки – носење заштитна маска, држење дистаца, и оти при влез во Салата со Купола се дезинфицираат и оти таму се постојано со маски.

Пред Петровска уште четворица други пратеници беа позитивни на Ковид-19, но сите се вратени на работните места.

Треба да знаете
Последни објави