Search

Нинџа го испрашуваше помошник командирот на ЕБР во судница

Нинџа го испрашуваше помошник командирот на ЕБР во судница

Александар Василевски Нинџа, еден од обвинетите за насилниот упад во Собранието, што се случи на 27 април 2017 година, на денешното судење вкрстено го испрашуваше сведокот Влатко Наумовски, помошник командир во Единицата за брзо распоредување (БЈБ).

Тој го праша Наумовски, кој критичната вечер бил службено кај Собранието, дали таму биле и припадници на Шестата управа, од единицата за Антитероризам, од БЈБ, од потраги, од Алфите, обезбедувачи на високи функционери, а тој рече дека дел од времето го поминал надвор од Собранието, а кога влегол за да се направи евакуација, видел алфи за кои рече дека помагале, додавајќи дека не ја знаел точно нивната улога во Собранието, пренесе Фокус.

Треба да знаете
Последни објави