Search

Нина Бадриќ во свој стил ѝ возврати на жената што ѝ понуди да копа компири

Со денови на социјалните мрежи и медиуми се шири коментарот на една жена, во кој таа ги повикува хрватските пејачки Нина Бадриќ и Северина да копаат компири, откако Бадриќ се пожали дека нејзиниот тим на соработници немал од што да живее во последниве четири месеци.

„Еве за неколку дена го вадиме компирот, триесет хектари, во околината на Бјеловар, и ни требаат аргати. Плаќаме 300 куни на ден. Ве молам од редакцијата да ја известите личноста ако сака да работи. Може да ја земе и Северина, Маја Шупут и сите оние што земаа помош од над 500 евра. Само порачете ѝ да не дојде во дизајнерскиот фустан од 2.000 евра, со кој се пофали пред неколку месеци, бидејќи врнеше дожд деновиве и е мошне калливо“, напишала една личност и собра речиси 2.500 лајкови и мноштво коментари.

Нина утрово на својот инстаграм-профил ѝ одговори на госпоѓата. Таа накратко напиша: „Да се насладуваш на нечија неволја е пораз за човечноста“…

Преземено од Плусинфо

Треба да знаете
Последни објави